Големите народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, продолжуваат и денеска. Запоќнувајќи од 19 часот, народни собири ќе има во Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен.

-Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата.Денеска за своето врвно демократско право сами да одлучуваат за својата иднина на избори ќе ја пратат граѓаните од Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен.Избори се единственото начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија. Македонија е обединета во еден глас: ова не смее да продолжи. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има! На изборите Македонија ќе победи! Сите собири започнуваат во 19 часот, стои на ФБ профилот на ГДОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес


