Вчера наутро во 7.40 часот Н.А. од с. Кондово – Скопје пријавил дека поради нерасчистени должничко-доверителни односи Р.А. и Ј.И. постојано психички го малтретирале неговиот син и му барале пари, кои не им ги должел.
Поради ова Н.А. отишол во ОУ во с. Кондово за да разговара со А.А., таткото на Р.А. за да го смири неговиот син. Но, тој почнал да го навредува неговиот син и се обидел физички да го нападне Н.А., но вработените го спречиле.
Подоцна во 7.45 часот во дворот на училиштето со две патнички возила пристигнале Ј.И. и Р.А., при што Р.А. со огнено оружје – пиштол му се заканувал на Н.А., упатувајќи му и вербални закани, откако Н.А. им се спротивставил, влегле во возилата и при заминување Р.А. испукал еден куршум.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.