Колку само пати сте слушнале дека некој познат актер, пејач или спортист ја изневерил својата сопруга? Овој пат ви пренесуваме обратна ситуација – овие славни жени биле тие кои ги изневериле своите партнери.
Кристен Стјуарт
Младата актерка пред четири години се нашла во скандал кој не можела да го демантира. Имено, папараците ја фатиле Стјуарт како се бакнува со 19 години постариот режисер Руперт Сандерс. Таа тогаш била во долгогодишна врска со Роберт Патисон, а Сандерс бил во брак. Двајцата јавно се извиниле, но не успеале да ги спасат своите односи со партнерите.
Хајди Клум
Кога убавата Хајди и пејачот Сил се разведувале во 2012. година, пејачот инсистирал дека Клум спие со својот телохранител. Славната манекенка возвратила велејќи дека никогаш не погледнала друг маж додека била во брак со Сил. Додала дека разводот се случил поради темпераментот на Сил и дека започнала врска со телохранителот дури откако ставиле крај на нивниот брак. Ние сепак овој пат ќе застанеме на страната на Сил.
Вупи Голдберг
Пред шест години славната комичарка во текот на разговорот за неверства во шоуто “The Talk”, во кој е една од водителките, признала дека имала афера додека била во брак. “Го направив тоа пет или шест пати. Да, спиев наоколу кога бев мажена. Погрешив”.
Крис Џенер
Главата на семејството Кардашиан, во своите мемоари од 2011. година признала дека својот прв сопруг, Роберт, го изневерила со човек кој го нарекувала Рајан, иако многумина веруваат дека станувало збор за продуцентот Тод Ватерман.
Принцеза Дајана
Во едно интервју принцезата Дајана признала дека имала афера со Џејмс Хјуит, британски војник. По тоа интервју, британските медиуми биле многу критички настроени кон Хјуит, а некои оделе до таму дека можеби тој е биолошкиот татко на принцот Хари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.