Ако опозицискиот СДСМ имаше подобар рејтинг, ќе имавме избори уште на 24 април, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во синоќешното гостување на ТВ „Нова“.
-Ние тука имаме многу чудна ситуација, не знам како поинаку да ја наречам, каде што политичката партија што бараше предвремени избори, опозицијата, сега не сака да има избори. Јас во повеќе медиуми кажав две опции кога беа превирањата околу изборите закажани за 24 април, кога се договорија дека ќе се одложат за петти јуни. Дали ќе има избори? Има две опции: Или изборите ќе се одржат на петти јуни како што беше договорено, или нема да има нов датум за избори. Значи нема да има избори, но нема да има и нов датум за ибори. Или ќе си бидат изборите во 2018 година, евентуално би можело заедно со локалните во 2017 година да бидат одржани. Но, ако сега нема избори на петти јуни, нема да има датум од типот нели 24 април, па петти јуни, па сега петти јули, па петти август па петти септември. Зошто? Затоа што тој што ги бара изборите не сака да има избори, зошто власта тогаш би инсистирала на избори. Тоа е логиката – вели Божиновски.
Божиновски нагласува дека доколку партијата што бара избори не сака да оди на нив, тогаш на власта повеќе ѝ одговара да нема избори.
-Зошто да има повторно избори? Јас само ќе кажам уште една работа. Ако рејтинзите беа поинакви досега СДСМ ќе имаа поднесено листи за пратеници. Какви се рејтинзите? Доколку рејтинзите беа поинакви од тие што се сега, СДСМ ќе излезеше на избори на 24 април – рече Божиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.