| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан на чекор од влез во одбраното друштво (видео)

Зинедин Зидан кој како фудбалер важеше за еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт ја освои Лигата на шампионите во 2002 година кога со Реал Мадрид успеа да стигне до трофејот во финалето против Баер Леверкузен.

Тој веќе неколку месеци е прв тренер на „кралскиот клуб“ и по просечниот старт на новата функција во продолжението го препороди тимот.
Добрите игри на играчите на Реал кој го одведоа тимот во финалето од Лигата на шампионите може да му донесат големо признание и на Зинедин Зидан.

Имено, францускиот ас дојде само на чекор да влезе во одбраната група на „величествените“ кои успеале да го освојат пехарот во ЛШ и како играчи и како тренери.

Во оваа група се Мигел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти, Франк Рајкард и Пеп Гвардиола. Седмиот би можел да биде Зинедин Зидан.

Популарниот „Зизу“ во 2002 година ја освои Лигата на шампионите, кога во дресот на Реал Мадрид постигна неверојатен гол во волеј удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top