| четврток, 6 декември 2018 |

Германците за падот на визниот режим за Турците: Nein!

germancite-za-padaneto-na-vizoviq-rejim-za-turcite-nein-373430

Германците не одобруваат турските граѓани слободно да патуваат во Европската унија.

Анкета спроведена на 2 и 3 мај меѓу над 1.000 полнолетни граѓани на Сојузната Република, покажува дека 62 % од испитаниците се против укинувањето на визниот режим за граѓаните на земјата на два континента.

Спротивното мислење имаат 33% од учесниците во анкетата. Останатите пет проценти се воздржале од одговорот или откажале да го искажат својот став по ова прашање.

Европската комисија вчера предложи официјално турските граѓани да влегуваат на територијата на 28-те без визи. Сепак, Анкара мора да исполни уште пет од 72-те услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top