Под мотото „За Македонија се работи“, Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва одржа мирни собири во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Тетово, Прилеп,…
Повторени беа барањата за одржување избори на 5 јуни како единствено решение за кризата во Македонија, стопирање на, како што беше речено, деструктивните сценарија, и повлекување на одлуката за аболиција што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов.
– Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина, повикаа учесниците на собирите.
Од Тетово беше порачано дека т.н. шарена револуција не постои, а без избори не може да се дојде на власт, додека од Велес, дека и по 25 години, на Македонија и се случува предавство на сопствениот народ.
– Шарената револуција не постои, таа е платеничка. Видовме како се однесуваат кон спомениците, државните институции и згради. Мора да се престане со ова зло и одиме на избори на петти јуни, рече Борче Стефановски на собирот во Тетово.
Според Слободан Ников, некои, иако се Македонци, упорно работат против каузата на Македонија и сопствениот народ. – Затоа, да не им дозволиме да се закрвиме меѓусебно и некој да ни ја скрши кичмата, бидејќи тоа води кон губење на сопствената држава, нагласи Ников од собирот во центарот на Велес.
Лили Бошевска, пак, која зборуваше на собирот пред Офицерскиот Дом во Битола, подвлече дека ГДОМ го крева гласот против сите што се борат за дестабилизација на државата.
Во Штип, исто така беа повторени барањата за избори на 5 јуни и повлекување на одлуката на Иванов за аболиција. – Мирно протестираме за да има избори на 5 јуни. Сакаме да се повлече и аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, нагласи Јордан Тиквешански.
Во Делчево, ГДОМ испрати порака дека Македонија мора да избере легитимна влада на парламентарните избори со што ќе се осуетат сите деструктивни сценарија за иднината на Македонија. -Делчево е сведок на долготрајна политичка криза во која доминираат штетни процеси за иднината на Македонија. Собрани сме овде да порачаме пред домашната и светската јавност дека доста беа уцени, закани и омаловажувања на македонскиот народ. Македонија е демократска држава во која врвно избирачко право на кој било Македонец мора да се почитува, истакна Кирчо Анастасов.
Граѓаните на Гевгелија масовно излегоа на собирот со порака дека сакаат избори на 5 јуни, крај на деструктивната политика на Зоран Заев и народот конечно да одлучи кој ќе раководи со земјата која две години се замајува од опозицијата.
И во Прилеп ГДОМ побара кризата да се реши со избори.
-Граѓанското движење за одбрана на Македонија има една порака: Единствен излез од кризата се избори на 5 јуни и Македонија да продолжи по патот на просперитет и обнова и развој. Ѓраѓаните на Македонија веќе да не живеат под притисок, туку во реалксирана атмосфера која ја заслужуваат и мислам дека во тоа ќе се успее, рече Тони Чатлески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес