Љубител сте на спанаќ? Дознајте кои здравствени предности ги има овој зелен зеленчук за вашиот организам!, пишува порталот мнд.мк.
Оваа намирница содржи големи количини на витамини и минерали, како што е фолната киселина, витамините А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум.
Спанаќот содржи и лутеин и заексантин и поради сетo тоа овој зеленчук претставува совршен борец против разните болести.
Меѓутоа, водете сметка овој зеленчук никогаш да го подгревате, бидејќи во себе содржи нитрати и по дејството на микроорганизмите и загревањето преминуваат во нитрити и потоа во нитрозамини, кои се многу штетни и канцерогени за човековиот организам.
Затоа спанаќот секогаш јадете го во свеж облик или веднаш по подготовката. Тоа не значи дека не можете да го јадете и наредниот ден, но сепак, никако немојте да го загревате повторно, тој е вкусен и ладен.
ПИЛЕШКО
Пилешкото и останатото месо од живина, како и јајцата, често може да бидат заразени со салмонела. Тоа може да претставува уште поголем проблем ако јадењето од пилешкото го подгревате во микробранова печка, чии бранови не можат да продрат до сите делови на храната како кога истата се загрева во рерна.
Подгревањето на пилешкото не се препорачува најмногу поради тоа што, за разлика од цревното месо, тоа има поголема густина на протеините, чии молекули во текот на подгревањето поинаку се разложуваат, што може да доведе до проблеми со желудникот и различни дигестивни пречки – пишува Independent.
ОРИЗ
Најважната работа околу готвениот ориз е неговото складиштење после готвењето. Ако после готвењето се остави на собна температура, спорите од бактериите се множат и можат да произведат отров, кој пак може да предизвика дијареа и повраќање.
Со подгревање на оризот нема да се елиминираат овие отрови, туку само ќе се влоши состојбата.
КОМПИР
Слично како и со оризот, проблемот со компирот не е во самото подгревање, туку во начинот на неговото складиштење после готвењето.
Доколку компирот се чува на собна температура, а не во фрижидер, се создаваат идеални услови за развој на бактеријата clostridium botulinum, особено доколку компирот е завиткан во фолија и нема допир со кислород.
Подгревањето на компирот нема да ја елиминира оваа опасна бактерија, која може да предизвика ботулизам, опасна инфекција која во најлош случај ги парализира мозочните нерви и остава тешки последици.
ПЕЧУРКИ
Печурките содржат протеини кои ензимите и микроорганизмите многу лесно можат да ги разложат.
Доколку не се складиштат добро, печурките многу брзо може да се расипат и да доведат до желудечни проблеми после подгревањето. Се препорачува да не стојат во фрижидер подолго од 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.