По повод 50 годишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одделот и насоката за сонологија со мултимедија при овој факултет продолжува со емитување на аудио и видео проекти снимени од студентите и професорите на овој оддел…
Во третиот настан од овој циклус ќе бидат промовирани две музички видеа и емисијата „Дали младите денес пеат“ на студентите по сонологија со мултимедија Ангелина Божиновска, Емилија Јовческа, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, во која зема учество и студентот по соло пеење Дамијан Каранфилов.
Двете музички видеа ги содржат настапите на студентите на дувачките оддели на ФМУ, Благоја Василевски – хорна и Ѓеорги Калајџиев – фагот, со делата „Скандинавија“ за хорна од Витали Бујановски и Сарабанда од Партитата BWV 1013 за фагот од Јохан Себастијан Бах, додека радио емисијата „Дали младите денес пеат“ се осврнува на најстарата музичка традиција – пеењето и нејзиното соочување со дигиталните технологии во XXI век. Радио емисијата е илустрирана со фотографии од нејзиното снимање.
Музичките видеа и радио емисијата по промоцијата ќе бидат достапни на страницата на Архивот Бужаровски http://buzar.mk. Со овие проекции се одбележува и 15 годишнината од започнувањето на наставата на одделот и насоката за сонологија со мултимедија при ФМУ кои ја водат професор Димитрије Бужаровски и доцент Трена Јорданоска.
Третата проекција ќе се одржи во среда 4 мај во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со почеток во 13:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.