| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Миленковски, режисер: Македонскиот народ е жилав народ

Тоа што ќе го пла­си­ра­ме ка­ко ко­ле­кти­вен впе­ча­ток за прет­ста­ва­та, се­ка­ко, не е оп­ти­ми­стич­ки, но дла­бо­ко во се­бе со­др­жи ед­на сил­на ме­та­фи­зич­ка по­ра­ка. А тоа е де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род е жи­лав на­род. И оп­ста­нал. Ма­ке­дон­ски­от на­род дол­го вре­ме веж­бал оп­ста­нок. И таа лек­ци­ја мно­гу до­бро ја знае. Ние мо­же да на­пи­ше­ме упат­ство за оп­ста­нок на на­ци­и­те што мо­же да го ко­ри­стат мно­гу по­се­ри­оз­ни на­ции што се­га се ко­ле­ба­ат око­лу сво­јот иден­ти­тет, ве­ли ре­жи­се­рот на „Бу­ре ба­рут“

Пред по­ве­ќе од две де­це­нии на сце­на­та на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ) ре­жи­се­рот Са­шо Ми­лен­ков­ски прв­пат го по­ста­ви тек­стот на Де­јан Ду­ков­ски „Бу­ре ба­рут“. Оваа дра­ма е нај­че­сто по­ста­ву­ва­ни­от драм­ски текст на Ду­ков­ски и е из­ве­ду­ван во Гр­ци­ја, Ја­по­ни­ја, Гер­ма­ни­ја, Хр­ват­ска, Дан­ска, Хо­лан­ди­ја, Швед­ска и Бу­га­ри­ја. Сни­мен е и игран филм по овој текст.

Се­га Ми­лен­ков­ски втор­пат го по­ста­ви тек­стот, овој пат во Драм­ски те­а­тар, кој ре­ши со оваа прет­ста­ва да го прос­ла­ви зна­чај­ни­от ју­би­леј, 70 го­ди­ни по­сто­е­ње. Ин­те­рес­но е што прв­пат се по­ста­ву­ва текст на Ду­ков­ски на сце­на­та на Драм­ски. Прет­ход­но не­го­ви тек­сто­ви би­ле по­ста­ве­ни во Драм­ски, но тоа би­ле ко­про­дук­ции.

буре барут3

Пред по­ве­ќе од две де­це­нии овој текст на Де­јан Ду­ков­ски прв­пат го по­ста­ви­вте на сце­на­та на МНТ. Што е де­нес по­и­на­кво од то­гаш?

МИЛЕНКОВСКИ: Ко­га ја пра­вев пр­ва­та прет­ста­ва има­ше еден друг вид ко­ле­ктив­на ду­хов­ност, ко­ја се по­ја­ви во прет­ста­ва­та, во вид на мал­ку по­го­ле­ма до­за оп­ти­ми­зам би­деј­ќи то­гаш се рас­пад­на СФРЈ и поч­нав­ме да пра­ви­ме сво­ја др­жа­ва. По 23 го­ди­ни, ко­га од­но­во го про­чи­тав тек­стот, ми ста­на јас­но де­ка „Бу­ре ба­рут“ е ка­ко лак­му­со­ва хар­ти­ја и ко­га ќе го спу­штиш во одре­де­на епо­ха мно­гу точ­но ги ди­јаг­но­сти­ци­ра проб­ле­ми­те на таа епо­ха. За­бе­ле­жав де­ка и по­крај не­го­ва­та ду­хо­ви­тост и ху­мо­рот во сце­ни­те, се­пак це­ло­то оп­кру­жу­ва­ње е мно­гу мрач­но би­деј­ќи тек­стот збо­ру­ва за то­гаш­ни­от бал­кан­ски мрак, за по­себ­на­та до­за на са­мо­у­ве­ре­ност на бал­кан­ски­те на­ро­ди и нив­но­то чув­ство за по­себ­ност. Би­деј­ќи вре­ме­то во кое жи­ве­е­ме се из­ме­сти од сво­јот ко­ло­сек, ве­ќе не мо­же­ме да из­мис­ли­ме мно­гу па­мет­ни при­чи­ни зо­што не­што би на­пра­ви­ле, за­тоа ре­шив­ме да не се за­ни­ма­ва­ме со при­чи­ни­те и со ка­у­зал­но­сти­те, ка­ко кај Пин­тер, зо­што не­кој се од­не­су­ва на одре­ден на­чин, ту­ку ка­ко се од­не­су­ва. На не­кој на­чин, „Бу­ре ба­рут“ е вто­ра фа­за од мо­ја­та ре­жи­ја на „Јов“, ка­де што го тре­ти­рав проб­ле­мот на ин­те­гри­тет. Нај­на­суш­ни и нај­де­фи­ци­тар­ни не­шта во ова вре­ме се лич­ни­от ин­те­гри­тет и ко­ле­ктив­ни­те и лич­ни­те кри­те­ри­у­ми.

0746E12D-F35B-4A25-A945-79DDD607570A_mw1024_s_n

Нај­на­суш­ни и нај­де­фи­ци­тар­ни не­шта во ова вре­ме се лич­ни­от ин­те­гри­тет и ко­ле­ктив­ни­те и лич­ни­те кри­те­ри­у­ми, вели Миленковски

За ко­го е оваа прет­ста­ва?

МИЛЕНКОВСКИ: Ова е прет­ста­ва е за чес­ни­те, скром­ни, пов­ле­че­ни и ти­вки лу­ѓе. Во буч­ни­те вре­ми­ња ти­вки­те лу­ѓе се мно­зинс­тво. Но, ко­га на нив ќе им пук­не фил­мот, то­гаш ста­ну­ва опас­но за си­те. Прет­ста­ва­та е за ти­вки­те лу­ѓе во мо­мен­тот пред да им пук­не фил­мот. Во тек­стот има не­кол­ку убис­тва, но нив ги не­ма на сце­на­та, би­деј­ќи ги за­пи­ра­ме во мо­мен­тот пред са­ма­та ег­зе­ку­ци­ја.

Со оваа прет­ста­ва Драм­ски го прос­ла­ви 70. ро­ден­ден. Ре­ко­вте де­ка со неа са­ка­вте да ги обе­ди­ни­те си­те ге­не­ра­ции во те­а­та­рот. Да­ли Ви ус­пеа тоа?

МИЛЕНКОВСКИ: Са­кав­ме пра­веј­ќи ед­на прет­ста­ва да ги за­ле­ку­ва­ме вна­треш­ни­те по­дел­би. Оп­штес­тво­то е по­де­ле­но ду­ри, ако са­ка­те, и при­ја­те­ли­те се по­де­ле­ни, пред сѐ по­ли­тич­ки. Ра­бо­теј­ќи на оваа прет­ста­ва, без раз­ли­ка на по­ли­тич­ки­от пог­лед на свет за кој се за­ла­га­ат при­ват­но акте­ри­те, се обез­бе­ди ед­на сил­на за­ед­нич­ка пла­тфор­ма. Да се раз­бе­ре­ме, прет­ста­ва­та не е ни­ту „про­тив“, ни­ту „за“ за ед­ни­те или дру­ги­те. Таа се за­ни­ма­ва по­су­штин­ски, пра­ви ед­на ана­ли­за на ге­не­за­та зо­што се до­а­ѓа до тоа. Мис­лев де­ка ако ор­га­ни­за­ци­ски ра­бо­ти­ме за­ед­но по­дол­го вре­ме, де­ка на­ви­сти­на ќе ги над­ми­не­ме тие раз­ли­ки ме­ѓу нас и ус­пе­ва­ме. Тоа бе­ше на­ша вна­треш­на ми­си­ја, не бе­ше за пуб­ли­ка­та, да го за­це­ли­ме Драм­ски. Тоа што ќе го пла­си­ра­ме ка­ко ко­ле­кти­вен впе­ча­ток за прет­ста­ва­та, се­ка­ко, не е оп­ти­ми­стич­ки, но дла­бо­ко во се­бе со­др­жи ед­на сил­на ме­та­фи­зич­ка по­ра­ка. А тоа е де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род е жи­лав на­род. И оп­ста­нал. Тој е ка­ко те­а­та­рот. Те­а­та­рот, исто та­ка, е жи­лав ме­ди­ум, ги пре­жи­веа ра­ди­о­то, те­ле­ви­зи­ја­та, ин­тер­не­тот. Са­ли­те уште ни се пол­ни. Та­ка и ма­ке­дон­ски­от на­род. Ма­ке­дон­ски­от на­род дол­го вре­ме веж­бал оп­ста­нок. И таа лек­ци­ја мно­гу до­бро ја знае. Ние мо­же да на­пи­ше­ме упат­ство за оп­ста­нок на на­ци­и­те што мо­же да го ко­ри­стат мно­гу по­се­ри­оз­ни на­ции што се­га се ко­ле­ба­ат око­лу сво­јот иден­ти­тет. Тоа што е ин­те­рес­но е де­ка на­ши­от иден­ти­тет не про­из­ле­гу­ва од ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот. Про­из­ле­гу­ва од вна­треш­на­та по­тре­ба, дел е од фолк­ло­рот. Мно­гу е по­си­лен, жи­вее во ја­зи­кот, во пес­на­та, во не­ма­те­ри­јал­но­то кул­тур­но до­бро што ни го но­си. И чу­до е ка­ко оп­ста­ну­ва. На­ви­сти­на е чу­до. Мал на­род, ќе си ре­чеш, про­сто е не­ве­ро­јат­но ка­ко пре­жи­ву­ва.

буре барут

Ќе го спа­си ли те­а­та­рот све­тот?

МИЛЕНКОВСКИ: Не го са­кам те­а­та­рот што го спа­су­ва све­тот. Не го са­кам те­а­та­рот што са­ка да вле­зе и да спа­су­ва не­што. Те­а­та­рот ви е ди­јаг­но­за. Ако ви ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат не­ко­ја те­шка бо­лест, тре­ба са­ми да се спа­су­ва­те. Ние по­ста­ву­ва­ме пра­ша­ња, а не од­го­во­ри. Ни­ту те­а­та­рот мо­же да го спа­си све­тот, ни­ту све­тот мо­же да го спа­си те­а­та­рот. Но, те­а­та­рот мо­же сил­но да ве здо­бо­ли, за раз­ли­ка од мно­гу дру­ги ме­ди­у­ми, за­тоа што е жив, се слу­чу­ва пред вас. Ту­ка е, во тој мо­мент. Ту­ка е таа не­го­ва та­на­тич­ност. Те­а­та­рот жи­вее са­мо во ме­мо­ри­ја­та на гле­да­чи­те и на акте­ри­те. Со не­го­ва­та смрт оста­ну­ва­ат не­кол­ку фо­то­гра­фии, не­ко­ја ре­цен­зи­ја. Ток­му таа та­на­тич­ност е ерот­ска. Тоа е се­ри­оз­на­та вр­ска ме­ѓу еро­сот и та­на­то­сот. За­тоа е воз­буд­ли­ва.

Да­ли ре­жи­ра­ње­то на прет­ста­ва е пра­ша­ње на жи­вот или смрт?

МИЛОШЕВСКИ: Јас сум ка­ко де­те. Прет­ста­ви­те ги гле­дам ка­ко ов­чар. Ја пу­штам ра­ка­та да ме зе­мат. Мно­гу че­сто ми оста­ну­ва ра­ка­та да ми ви­си во воз­дух, ни­кој не ме зе­ма и не ме но­си во нив­ни­от свет. Се­ко­гаш имам воз­бу­да ко­га пра­вам прет­ста­ва. Се­ко­ја прет­ста­ва е пра­ша­ње на жи­вот и смрт, се­ко­ја прет­ста­ва од­но­во. Со искус­тво­то си по­е­фи­ка­сен, не пра­виш два­па­ти иста глу­пост. Но, су­штин­ски си ис­пра­вен пред гос­под. Те­а­та­рот е ме­ди­ум, ка­ко це­де за му­зи­ка­та. Му­зи­ка­та е важ­на. А ту­ка сте ис­пра­ве­ни пред веч­но­ста. Ни­кој не мо­же да го на­веж­ба соз­на­ни­е­то на су­ди­рот со веч­но­ста, не­ма та­ква ра­бо­та.

буре барут2

Да­ли „Бу­ре ба­рут“ во Драм­ски ќе го до­стиг­не тоа „Бу­ре ба­рут“ во МНТ во гле­да­ност, на­гра­ди, го­сту­ва­ња?

МИЛОШЕВСКИ: Иста суд­би­на по тоа пра­ша­ње ќе има и оваа прет­ста­ва. Тоа вед­наш се гле­да. Точ­но зна­е­ме, ко­га тех­ни­ка­та ќе поч­не да се со­би­ра, да ги гле­да про­би­те, ме­сто да ра­бо­ти, то­гаш зна­е­ме де­ка има­ме до­бра прет­ста­ва, ќе има го­лем ти­раж, ќе има на­гра­ди. На два де­на пред пре­ми­е­ра, по­сто­ја­но ре­жи­рам. И си­те го зна­ат тоа. До­пра­вам, ме­ну­вам, пра­вам, кро­јам до пос­ле­ден мо­мент.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top