Баерн Минхен оствари пирова победа (2-1) над Атлетико Мадрид на синоќешниот реванш меч од полуфиналето во Лигата на шампионите, што не беше доволно за баварскиот тим да се пласира во финалето во Милано. Голот на Антоан Гризман постигнат на „Алијанц арена“ се покажа како одлучувачки, со оглед дека Атлетико Мадрид на првиот меч победи со 1-0.
Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам, вели дека неговиот тим нема да биде дел од финалето, затоа што не постигна доволно голови навреме, во првото полувреме, кога беше апсолутно доминантен на синоќешниот двобој.
– Мислам дека дадовме се од себе и дека за тоа не смее да има замерки. Но, за жал, тоа не беше доволно. Не успеавме да дадеме доволно голови навреме, кога бевме надмоќни на теренот, во првото полувреме. Потоа следуваше онаа наша грешка во одбраната, што Гризман ја казни. Навистина штета, токму пласманот во финалето ќе беше награда за се опна што го работевме напорно оваа сезона – изјави Филип Лам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.