Синоќа во НБА лигата се одиграа два натпревара во рамките од второто коло од плејофот, по еден во источната и западната конференција.
Актуелниот шампион Голден Стејт се извлече во вториот меч против Портланд на домашен терен и повторно без услугите на најдобриот играч Стефон Кари со спектакуларен пресврт стигна до комотно водство од 2-0.
И покрај тоа што конечниот резултат навестува убедлива победа на бранителот на титулата (110-99) ситуацијата на теренот воопшто не беше таква. Портланд се наоѓаше во водство речиси во текот на целиот натпревар, а на крајот на третата четвртина имаше предност од 87-76. Негатива од 11 поени беше највисока за Голден Стејт на домашен терен во годинашниот плеј оф и најголема во последната четвртина од разигрувањето за титулата.
Сепак, тоа не беше доволно Портланд да направи брејк и да ја врати драматиката во серијата. Голден Стејт одигра фантастична последната четвртина која ја доби со 34-12 и дојде до втората победа која широко му ја отвора вратата кон конференциското финале.
Во отсуство на Кари, повторно Клеј Томпсон беше најефикасен со 27 поени, а на Грин му недостасуваа три додавања за трипл-дабл (17 поени, 14 скока, седум асистенции). Кај Блејзерс, Лилард постигна 25 поени, а Мекалум 22. Серијата сега се сели во Портланд каде овој тим ги доби сите три натпревари во серијата против Лос Анџелес Клиперс од претходната рунда.
Уште подраматично беше на истокот каде во првиот натпревар во серијата меѓу Торонто и Мајами клубот од Флорида направи брејк на гостински терен и поведе со 1-0 во меч кој имаше едно продолжение (96-102). Кајл Лаури погоди тројка со звукот на сирената и го одведе натпреварот во продолженија (90-90). Сепак, во него Мајами не дозволи противникот да доминира и го доби првиот меч од серијата.
Горан Драгич со 26 поени и Двејн Вејд со 24 беа најефикасни во тимот на Мајами, неутрализирајќи го Валанчиунас кој имаше 24 поени, но и 14 скока. И покрај тројката за продолжение, тотално потфрли Лаури кој за 42 минути постигна само седум поени со шут од поле 3/13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)