Температурата во фрижидерот би требало да биде помеѓу 0 и 4 степени за да се спречи развој на бактериите.
На горните полици чувајте ги остатоците од ручекот, пијалаците, свежите зачини и намирниците кои се веднаш подготвени за јадење, бидејќи тука температурата е најстабилна.
Вратата е најтопол дел од фрижидерот, па затоа тука чувајте ги производите со природен конзерванс.
Мајонезот и сокот од портокал може да ги чувате на вратите, но млечните производи и јајцата не е препорачливо да се чуваат тука, бидејќи побрзо се расипуваат. Да не спомнуваме дека постои ризик да добиете салмонела. Нив најдобро е да ги чувате на долните полици, бидејќи тоа е најладен дел.
Тука може да ги чувате и сировото месо и морските плодови. Овошјето и зеленчукот ставете ги во одделни садови или во фиоките наменети за тоа во фрижидерот.
Јајцата лесно впиваат мириси од другите намирници, па ако имате ставено нешто со силен мирис, јајцата ставете ги подалеку од него.
Во фрижидерот е потребно да оставите доволно простор за низ него да минува студениот воздух.
Праските, сливите и крушите не би требало да ги чувате во близина на зеленчукот. Овие овошки испуштаат гасови кои го забрзуваат расипувањето на зеленчукот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Слободно јадете јајца, нема ризик од срцеви заболувања
-
Што да правите вишокот јајца од Велигден?
-
Прегледајте ги убаво вапсаните јајца: Ако го има ова на вашето велигденско јајце ќе ве следи среќа цела година
-
Велигденска традиција: Во Тиквешко се закопуваат велигденски јајца крај виновите лози