| четврток, 6 декември 2018 |

Куќа на страв и ужас: Германска двојка мачела две жени, едната ја исекле на парчиња

Германските истражувачи сомничат маж и жена во четириесетите години дека мачеле најмалку две жени во својата куќа на запад на Германиија и телото на едната жена го исекле на парчиња и го запилеле во дневната соба.

Не се исклучува дека е почината и трета жена, а има докази дека повеќе жени преживеале мачење и злоупотребување.

Полицијата ја затвори „куќата на стравот и ужасот“, а тужителот Ралф Мајер изјавил дека веруваат оти 33-годишна жена е заврзана и претепана откако се јавила на оглас за барање партнер и се доселила во куќата во есента, 2013 година. Починала неколку месеци подоцна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top