Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во шпанската престолнина, со многу непријатна епизода на аеродромот во Минстер. Таму навивачите им приредија мигови за заборав, скандирајќи им: „Помалку милиони, повеќе срце на терен“ и „Одете си од клубот“.
Новинарите од шпанските медиуми известуваат дека за малку била избегната блиска средба меѓу навивачите на „кралскиот клуб“ и дел од играчите предводени од Игуаин и од Рамос. Незадоволството кај симпатизерите е очигледно по дебаклот во Дортмунд, против Борусија со 1-4.
Неочекувано, експедицијата на Реал полета од Минстер за Мадрид поради ноќната забрана за летови од аеродромот во Дортмунд. Оттаму ги испратија стотина навивачи, кои имаа разбирање само за мал дел од играчите на Реал, предводени од Кристијано Роналдо. Португалецот рече дека ќе молчи и нема да го коментира инцидентот со симпатизерите, а сѐ што има да каже ќе го презентира во вторник на теренот на „Сантјаго Бернабеу“. Тогаш се игра реваншот со Борусија, во кој „кралскиот клуб“ ќе тргне со негатива од три гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


