| четврток, 6 декември 2018 |

Иранките тренираат за нинџи

Повеќе од четири илјади жен во Иран тренираат боречки вештини за самоодбрана за да станат нинџа-ренџери и да стекнат повеќе самодоверба.

Инструкторката Тина Рушенија (38) изјави деа во последните месеци посебно расте популарноста за совладување на боречките вештини меѓу жените во Иран. Намногу од нив се решаваат да тренираат нинџа вештини на самоодбрана.

-За да може да се штитат и да имаат повеќе самодоверба во општеството повеќе од 4.000 жени тренираат нинџа вештини – вели инструкторката.

Боречките вештини ги учат Иранките на возраст од четири до 50 години. Само во Техеран работат 40 инструкторки, меѓу кои 15 од нив имаат црн појас во карате. Ширум Иран има вкупно 110 нинџа инструкторки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top