| четврток, 6 декември 2018 |

Во Келн ќе биде пеколно, Веспрем против Кил и ПСЖ против Кјелце

Извлечени се двојките за фајналфор турнирот во Келн, кој ќе го даде новиот освојувач на Лигата на шампионите.

vesprem-vardar-2-300416

Тимот кој го елиминира Вардар, Веспрем, ќе игра против Кил, кој во четвртфиналето го покори сѐ уште актуелниот европски шампион, Барселона. Тешка задача ќе има Кјелце, затоа што му се падна ПСЖ дримтимот предводен од Микел Хансен и Никола Карабатиќ.

Завршницата во Лигата на шампионите седми пат ќе се одвива во фајналфор-формат и седми пат во „Ланксес арена“ во Келн, овој пат на 28 и 29 мај. Кил ќе игра за четвртиот пехар во најпрестижното натпреварување, а сите останати никогаш не станале шампиони. ПСЖ, дури е дебитант меѓу завршната четворка.

fajnal for keln

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top