Челси е се поблиску до испишување нова историја во европските купови, по победата над Базел на „Сент Јакоб“, вечерва со 2-1. Првиот полуфинален меч меѓу двете екипи го одлучи Давид Луиз, со гол во последните моменти. Од слободен удар, стоперот на Челси ја погоди мрежата на домаќините, кои се најпријатно изненадување во Европа Лигата на УЕФА. Претходно, Виктор Мозес го доведе тимот од Лондон во водство од 1-0, а од пенал во 87. минута израмни Шар.
Ако ја освои титулата во ова натпреварување, Челси ќе биде првиот тим што во две сезони, славел и во Лигата на шампионите и во Европа Лигата.
Во второто полуфинале, Фенербахче ја победи Бенфика со 1-0, и ја прекина серијата на португалскиот гигант, од 34 средби без пораз во сите натпреварувања. Триумфот на тимот од Истанбул е заслужен и можеше да биде поубедлив, ако Кристијан погодеше од пенал во 45. минута. Сепак, Коркмаз успеа да им донесе радост на домаќините, со победоносен погодок во 72. минута. Реваншите се за една седмица, во Лондон и во Лисабон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


