Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски се повлече од претседателската функција во СДСМ јавува „Прес 24“.

Според информации кои се уште не се официјално потврдени, на вечерашната седница на Централниот одбор, по говор од околу половина час, лидерот на СДСМ им соопштил на членовите дека нема да ја води партијата во следниот мандат и побарал да не биде кандидиран од општинските организиации. Меѓу говорниците на вечерашната седница, имало и такви кои барле Црвенковски да остане на чело на партијата а конгресот да биде одложен.
Во моментов трае пауза. Сѐ уште нема информации дали била усвоена одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, Конгресот да се одржи на 2 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


