Првата група туристи од Холандија за летната сезона 2016 година денеска се очекува да пристигне во Охрид на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Туристите се очекува да ги пречекаат генералниот менаџер на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на туристичката агенција „Фибула Ер-травел“ Асим Меџедовиќ.
Во Охрид пролетва и летово се очекува освен туристи од Холандија да се одмараат и туристи од Белгија, Израел и Турција, но и од Јужна Кореја и Кина, туристи кои се дел од мапата на кружните Балкански тури од источните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.