Екипата на Лестер на две кола до крајот во Премиер лигата со седум бодови предност пред Тотенхем ја осигура шампионската титула во Ангија.
„Лисиците“ кои во овој период минатата година грчевито се бореа за опстанок, оваа сезона ја направија можеби најголемата сензација во спортот во 21.век и станаа шампион на својата земја. Тоа е 23 екипата која се заќитила со титулата.
Лестер оваа сезона покажа најмногу пред своите конкуренти и иако со минимален буџет кој е неколупати помал од богатите англиски гиганти, Сити, Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Челси… заслужено се искачи на тронот.
Како наближуваше крајот на сезоната се издвои со екипата на Тотенхем како единствени кандидати за титулата со но бодовна разлика која ги држеше фудбалерите на Лестер во целосна контентрација и на неколку кола до крајот имаа комотна предност кој создаваше неколку „меч“ топки за титулата. Првата ја испуштија откако ремизираа во 36.коло на гостувањето на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, а веќе втората им ја донесе титулата откако вечерва Челси успеа да остане непорезен во градското дерби од Тотенхем на „Стенфорд Бриџ“ (2-2).
Сите во таборот на „сините“ од Лондон па дури и навивачите најавуваа и посакуваа токму Лестер да ја преземе титулата токму од Челси. Тоа го направија и за нивниот поранешен менаџер Клаудио Раниери кој оваа сезона го препороди Лестер. Избраниците на Гус Хиндик влегоа во натпреварот без никаков резултатски императив но одиграа „машки“ и од негатива од 0-2, се вратија во второто полувреме и со двата гола најпрвин на Кејхил, а подоцна и на Азар да дојдат до изранување кое им носеше на Лестер титула.
Во првиот дел нивниот ривал имаше комотна предност од два гола, а стрелци беа Кејн и Сон.
Така, „бајката“ на Клаудио Раниери и неговите избраници завршува на најдобар можен начин, со титула за Лестер во мултимилионерското друштво на најголемите англиски фудбалски клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)