| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаевте дека старите лични карти ги содржеле и овие податоци?

Старата лична карта од бивша СФР Југославија содржела и податоци за тоа дали сте кривично осудувани, иако повеќето граѓани на бившата држава тоа не го знаеле. На старите лични карти на дното на првата лева и втората десна страница постојат броеви испишани со црвена боја, пишува Фокус.ба.

Меѓутоа, доколку последната бројка на првата страница се разликува од бројката на истата позиција на втората страница, тоа значи дека лицето е кривично осудувано онолку пати колку што бројките се разликуваат.

Имено, тоа во бившата држава, пред се за полицијата, а потоа и за други државни органи на кои граѓаните им ги давале личните карти на увид, бил првиот знак со кого си имаат работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top