| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно: Во терористички камп се обучуваат „мали командоси“

Видео снимка на која се гледа како деца од предшколска возраст се обучуваат за користење на разни видови огнено оружје ја шокираа светската јавност.

На видеото може да се види како децата пукаат од пиштоли, автоматски пушки АК 47, како и од полуавтоматски пушки во тренинг камп за кој се претпставува дека се наоѓа во регионот Вазиристан, на границата меѓу Авганистан и Пакистан.

Малите командоси кои за жал, ги совладале стрелачките вештини уште пред да научат да читаат и пишуваат биле регрутирани од терористичка организација блиска на Ал Каеда која себе си се нарекува Туркистанска Исламистика Партија. Видеото со наслов „мали командоси“ било снимено од  членови на организацијата, а подоцна било објавено на сајтови на Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top