| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Германски тренер побегнал од Боговиње – го лажеле дека Дрита е Шкендија

фото мкд.мк

Ништо од најавената тренерска „бомба“ во македонскиот фудбалски прволигаш Дрита од Боговиње. Хасан Егилмез, Германец со турско потекло, кој требаше да биде новиот тренер на Дрита не се појавил денеска на тренингот во Боговиње, зашто сфатил дека бил измамен од страна на управата на клубот како и од неговиот менџаер, пишува мкд.мк.

Егилмез потпишал договор со Дрита, за која му рекле дека е всушност Шкендија од Тетово, па оттаму и неговите изјави дека доаѓа во клуб со голема традиција и историја, со армија навивачи, што секако Дрита не е.

кога Егилмез требало да се појави во Боговиње на тренинг, веднаш му станала сомнителна „околината” и условите за работа, па си заминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top