Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше шест позиции на најновата ВТА ранг листа, објавена денеска. Ѓорческа оваа недела ќе биде на 270. место на листата на најдобрите светски тенисерки, иако во очекување и на калкулацијата на бодовите од последноосвоениот ИТФ фјучерс во Маниса.
Ѓорческа има 161 поен, притоа реализирајќи го својот најдобар ранкинг во кариерата, во поединечна конкуренција. На листата за игра во двојки, македонската тенисерка е на 260. место.
На врвот на листата прва е Серена Вилијамс, пред Агњешка Радванска и Анџелика Кербер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.