Лидерот во Премиер лигата екипата на Лестер вчера ја пропушти првата „меч“ топка за шампионската титула одигрувајќи 1-1 на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед. Вечерва ќе ја има втората шанса за титуата ако екипата на Челси не загуби на домашен терен од Тотенхем и со тоа им овозможи на „лисиците“ да слават за прата титулата во Ангилја во историјата на клубот.
Менаџерот на Лестер кој вистински го препороди тимот оваа сезона и е најзаслужен за сите успеси на тимот, Италијанецот Клаудио Раниери изјави дека нема да го гледа мечот што се игра на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи и ветил на својата мајка дека ќе ја посети во Италија в понеделник!
– Би сакал да ја гледам средбата меѓу Тотнем и Челси, но ќе морам да заминам за Италија. Треба да ја посетам мојата 96 годишна мајка на која и ветив дека ќе бидам таму во понеделник. Ќе бидам последниот кој ќе го дознае резултатот од дербито и кој ќе дознае дали Лестер е шампион – вели Раниери.
Ако Челси не успее да му „откине“ бод на Тотенхем тогаш последните две кола ќе бидат формалност бидејќи „лисиците“ ќе имаат недостижна предност од седум бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја