| четврток, 6 декември 2018 |

Православието во пламен: На Велигден изгореа 4 цркви (ВИДЕО)

Две православни цркви во Австралија, една во САД и еден конак на манстастир на северот на Русија изгореа за Велигден.

srpske-crkve-sidnej-melbnurn-foto-ps-1462177666-897665

Македонската православна црква во предградието на Сиднеј Рокдејл огнената стихија целосно ја уништи, додека грчката православна црква во Мелбурн е само оштетена.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарот во македонската црква во Рокдејл избил околу 22 часот по локално време, само неколку часа по велигденската литургија. За среќа, во црквата немало никој.

Неколку часа претходно, во најстарата црква во Викторија, црквата Благовест, во Мелбурн избил пожар.

Зградата го изджала пожарот, кои бил изгаснат за триесетина минути, Сепак, како што вели свештеникот Космас Дамианидес, димот и пламенот ги оштетиле ѕидовите, кровот и иконите.

njujork-crkva-svetog-save-izgorela-srpska-crkva-foto-ap-1462170067-897639

Пожар ја проголта и црвката Свети Сава на Менхетен, која е од 19 век.

На Велигден изгоре и конакот на манастирот Валан, во северот на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top