Додека опозицијата се занимава со протести, демонстрирање на деструктивност, владејачката партија се фокусира на решавање на проблеми и креирање на понуда за граѓаните. За неполни три недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовира пет големи проекти и мерки кои се од исклучително значење за земјоделците. Така, освен што се обезбедуваат субвенции, се работи и на понапредни проекти кои ќе придонесат за зголемување на приходите на земјоделците. Со овие мерки уште еднаш се докажа дека земјоделците ѝ се приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Првиот е проект 80% поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари.
Системот капка по капка како револуционерна израелска новина на земјоделците ќе им донесе поврат на инвестицијата уште во првата година, а истата година ќе биде остварен и зголемен приход. Преку употребата на овој систем веќе е докажано дека се зголемуваат приносите за 2, 3 или повеќе пати што значи и зголемен приход и можност за заработка. Максималната површина за која ќе се однесува поддршката ќе биде до 50 хектари.
Едноставен пример кој покажува дека постои неверојатна можност за заработка.
Официјалните приноси на пченка во Македонија е околу 4.2 тони на еден хектар, додека со проектот на УСАИД, со кој се поддржа инсталирање на систем капка по капка постигнат е просечен принос од 13 тони на еден хектар или повеќе од три пати. Додека генералниот опсег на производство се движел од 8 тони, па стигнувал до 18 тони по засеан хектар, зависно од други фактори, како што е климата, квалитетот на почвата.
И сточарите ќе имаат поголем профит. За нив се предвиде проект за поддршка од 80 отсто за набавка за високоприносен добиток.
Поголемиот дел од добитокот што се одгледува во Македонија не е со висок генетски потенцијал и е потребно преориентирање кон обезбедување на високоприносен добиток, што има повеќекратен бенефит за земјоделците. На пример, сточарите кои ќе се одлучат за високоприносни крави холштајн, ќе имаат два и пол пати повеќе приноси, а со тоа и приходи, оние што ќе се одлучат за високоприносни овци ќе имаат 4 пати повеќе принос од традиционалните раси, а со тоа и 4 пати поголем приход. Сличен е соодносот и кај високоприносните кози, а профитот е поголем за три пати.
Третиот проект што го промовира Груевски во овој период е оној за земјоделски советници кои ќе имаат значајна улога и преставуваат неопходност за македонските земјоделци. Заради редовно обезбедување на квалитетни совети, за земјоделците ќе се воспостави функционален земјоделски советодавен систем на професионални земјоделски советници. Системот ќе ги вклучува сите советници во државата кои ќе ги исполнат условите за соодветно искуство во струката и стручна подготвеност која ќе се докажува преку полагање испит. Вака лиценцираните советници кои ќе ги избираат самите земјоделци ќе им бидат на располагање за совет секогаш кога ќе им биде потребно, но и ќе спроведуваат совети во согласност со дефинираните приоритети на земјоделската политика. Така редовни совети преку системот особено ќе се обезбедуваат за: дефинирани групи на земјоделци со недоволна големина на нивните производни капацитети, за дадени корисници на поддршка од државата.
Четвртиот револуционерен проект е формирање агробизнис зона, интегрирана зона во која на едно место да бидат застапени и сконцентрирани складишни центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот на набавки на свежи и преработени земјоделски производи.
Агробизнис зоната во Македонија ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата. Главни бизнис активности што ќе се нудат во оваа зона ќе бидат: калибрирање, класирање, пакување и разладување, определување цена на берзата и товарење и дистрибуција.
Со ова, Македонија ќе добие интегриран систем за пласман на земјоделското производство, што ќе го намали бројот на учесници во синџирот на набавки, а со самото тоа ќе овозможи и поволна цена за земјоделските производители, но и механизам за воспоставување на фер цена и амортизација на ценовните шокови, во периодот на пазарни вишоци.
Петтиот проект кој предизвика внимание е проектот од град во село за нов почеток.
Со моделот се нудат пакет-мерки и бенефиции кои ќе се состојат од парични средства за купување, изградба на нова или реконструкција на стара и веќепостоечка куќа на село во износ од 6 илјади евра, доделување бесплатно државно земјоделско земјиште за работа, субвенции за набавка на земјоделска механизација од кои 50% ќе ги покрие државата, еднократна парична помош во рок од 18 месеци потребна за почеток со работа и обезбедување на егзистенција во износ од 15 илјади месечно, како и 80 отсто поддршка за изградба на системи капка по капка доколку се занимава корисникот со обработка на почва и растително производство, или 80 отсто поддршка за набавка на високоприносен добиток, изградба на бунари како и можност за бесплатни пасишта за оние кои ќе се одлучат за сточарство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)