| четврток, 6 декември 2018 |

Голден Стејт урли во втора и победи во првиот натпревар од полуфиналето (видео)

golden stejt

Актуелниот НБА шампион екипата на Голден Стејт со победа ја започна полуфиналната пресметка во западната конференција против екипата на Портланд (118-106).
Иако на овој натпревар не настапи без својот најдобар играч Стеф Кари кој го повреди коленото и ќе мора да отсуствува неколку седмици, екипата на тренерот Стив Кер покажа дека се одлични индивидуалци кои своите квалитети лесно можат да ги вкопомнираат во еден колектив.
И без Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин одлично ја завршија работата и беа предводници на Голден Стејт. Првиот беше најефикасен на натпреварот со 37 поени, од кои седум тројки (7/14), а на нив додаде и по пет скока и асистенции. Кога се во прашање скоковите и асистенциите се истакна Грин со вториот трипл-дабл во својата плејоф-кариера запишувајќи 23 поени, 11 успешни додавања и 13 фатени топки.

Демијан Лилард беше прв човек на Трејлблејзерс со 30 поени, колку да посочи дека на Портланд ќе му треба многу повеќе од само тој за да направи нешто против актуелниот шампион во НБА, дури и во ситуација кога го нема неговиот прв адут, Стеф Кари кој се очекува да се врати на терените по 10.мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top