Харвардскиот тим проучил здравствени извештаи на 21.327 американски лекари кои учествувале во обена студија за здравје на медицинските работници. Докторите биле следени 20 години, од 1981 година, а за тоа време редовно давале известувања за состојбата на своето здравје и начинот на живот.
Во текот на две децении 1.550 испитаници доживеале срцев удар, 1.342 шлог, а вкупно умреле преку 5.000.
Утврдено е дека оние кои јаделе седум и повеќе јајца неделно биле под ризик да умрат во текот на дваесетгодишниот период речиси 23 посто, а дијабетичарите кои јаделе по едно јајце под двојно поголем ризик да умрат поради било која причина, а особено од инфаркт или шлог.
Јајцата се богати со холестерол кој, кога се конзумира во големи количини може да предизвика запушување на артериите и да го зголеми ризикот од инфаркт или шлог.
Но, др. Роберт Екел од Универзитетот Колорадо, поранешен претседател на Американското здружение за срце, вели дека јајцата се како и секоја друга храна-ниту добри, ниту лоши.
Значи, јајцата не би требало потполно да се исфрлат од исхраната, тие се одлични против стрес, бидејќи го снабдуваат телото со белковини кои се одби за имунитетот бидејќи се единствена намирница која на организмот му дава витамин Д.
Исто така едно јајце дневно покрива 26 посто од потребите на организмот за фолна киселина. Ја поттикнува функцијата на мозкот, го зајакнува видот, го забавува стареењето и ја зајакнува сексуалноста. Личностите клои немаат здравствени тешкотии можат да конзумираат јајца без грижа, додека оние со зголемено ниво на холестерот мораат да консултираат лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Слободно јадете јајца, нема ризик од срцеви заболувања
-
Што да правите вишокот јајца од Велигден?
-
Прегледајте ги убаво вапсаните јајца: Ако го има ова на вашето велигденско јајце ќе ве следи среќа цела година
-
Велигденска традиција: Во Тиквешко се закопуваат велигденски јајца крај виновите лози