| четврток, 6 декември 2018 |

Отишла во тоалет, ја пречекал тигар! (видео)

Американката Џена Кребил се преплашила кога во тоалетот во циркусот била пречекана од тигар.

Необичното искуство го доживеала минатата недела, кога со семејството присуствувала на циркуска претстава во градот Салинас во Калифорнија. По претставата Кребил отишла до тоалет, а таму имало што да види.

cirkus kaliforniija

– Влегов во женскиот тоалет. Вратата се затвори зад мене и тогаш го видов тигарот. Беше на метар од мене. Некој во тој момент ми викна веднаш да излезам – раскажува таа.

За среќа, никој не бил повреден. Директорот на циркусот навел дека крволочното животно побегнало од кафезот за време на претставата и успеало да се притаи во тоалетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top