| четврток, 6 декември 2018 |

Почна процерудата за избор на нов претседател на СДСМ

 

Почна Централниот одбор на СДСМ на кој треба да се потврди 2 јуни како датум кога ќе се одржи партискиот конгрес на кој ќе се бира нов лидер. На конгресот претседателот на партијата Бранко Црвенковски треба да даде отчет за дебаклот на локалните избори. Вечерва се очекува Црвенковски конечно да соопшти и дека се повлекува од лидерската позиција, па така на 2 јуни СДСМ ќе бира негов наследник.

Кандидатурите за претседател на партијата ќе може да се поднесуваат од утре, а потоа секој од кандидатите ќе има шанса пред општинските организации и пред членовите на партијата да го претстават нивниот план за излез од кризата во која се наоѓа партијата.

Неофицијално, како можни наследници на Црвенковски се сметаат Игор Ивановски, Зоран Јовановски, Стево Пендаровски, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Кире Наумов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top