Државната пошта во Финска воведе уште една нова услуга за своите клиенти- косење на тревата во дворот.
Заради развојот на интернет технологијата, традиционалните пошти во светот имаат се помалку работа.
За да не останат без работа, државната пошта во Финска за нив најде дополнително задолжување- косење на тревата. Програмата почнува во мај, а ќе трае до август. На Финците на кои им е потребна помош за средување на тревникот може да нарачаат услуга од поштата.
За месечна надокнада од 65 евра, поштарите секој вторник ќе доаѓаат на косење од половина час, но косилица ќе мора да обезбеди клиентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.