| четврток, 6 декември 2018 |

Финска се премисли: Нема веќе делење пари без работа!

Тестирањето на универзален приход, плата што владата ја дели на своите граѓани без никакви предуслови, нема да биде продолжено во Финска откако беше одбиено барањето на Кела, државната агенција за социјална заштита.

2-годишната пилот програма започна во јануари 2017 и опфати 2.000 невработени, кои месечно добиваа по 560 евра без од нив да се бара било да работат или да најдат работа. Оние кои во овој период најдоа работа продолжија да добиваат непроменети исплати од државата. Откако беше одбиено барањето на Кела, програмата ќе заврши на крајот од 2019.

Инспирација за започнување на програмата беше реформирање на системот за социјална заштита откако во 2015 невработеноста во земјата се крена највисоко ниво во последните 17 години, и изнесуваше цели 10%.

Наместо пари за сите, без никакви прашања и предуслови, во декември 2017 финскиот парламент изгласа драконски закон за невработени. По ново, бездушните фински парламентарци одлучија дека за невработените да добијат социјална помош ќе мора во период од 3 месеци да имаат вкупно 18 работни часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top