| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Штутгарт: Судир со десничарите, 400 уапсени демонстранти

Стотина левичарски демонстранти се обидоа да ги оневозможат десничарите да влезат на конфренцијата на партијата на крајната десница Алтернатива за Германија во Штутгарт.

Агенцијата ДПА пренсува дека демонстрантите извикувале „бегалците може да останат, нацистите мора да си одат“, додека 2.000 членови на партијата доаѓале ви центарот каде што се одржува конвенцијата.

Се очекува за време на состанокот на десничарската партија да се претстави како отворено атниисламска, пренесува „Би-би-си“.

Полицијата со солзавец поттиснала неколку стотина демонстранти, а уапсени се 400.

Според „Би-би-си“ скоро илјада полицајци се распоредени пред зградата во која се одржува конфренцијата.

Партијата сака ги забрани бурките во Германија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top