| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата паѓала на Балканци: Ѝ бев љубовник на Леди Ди

Поранешниот српски тенисер Слободан Живоиновиќ (52), тврди дека бил во љубовна врска со принцезата Дијана, додека таа била во брак со принцот Чарлс. Тој откри дека нивната врска започнала кон средината 80 – ти години, а таа сакала да го гледа како игра на Вимблдон, по што станале многу блиски

boba

Живоиновиќ го откри ова за српските медиуми, а пренесува британскиот „Дејли меил” . Тој откри дека се запознал со Дијан во 1987 година, на еден прием во Бакингемската палата, пред почетокот на Вимблдон.

Во првиот наш разговор таа ме праша дали јас сум тенисерот со најбрз сервис, а јас и одговорив „да” јас сум тенисер со најбрз сервис. Потоа ме праша дали тоа ми помага да ги победам противниците, беше на секој мој натпревар на Вимблдон,станевме многу поблиски и така почна нашта љубовна авантура, изјави Живоиновиќ.

boba 3

Србинот, кој денеска е многу попознат по тоа што е сопруг на фолк иконата Лепа Брена, изјави и дека се забавуал со принцезата додека таа била во брак со принцот Чарлс, а тој во врска со својата свршеница. Бобо, откри и дека Дијана, икао мжела да го гледа неговиот меч од кралската ложаа, претпочитала да се симне подолу, во првите редови, до теренот со цел да биде поблизу до него.

-Таа беше прекрасна жена. Со неа можев да зборувам за се, па дури и едноставните нешта стануваа интересни. Не сакам да зборувам за деталите од нашиот однос, бидејќи таа веќе не е со нас, вели поранешниот тенисер за српскиот весник Курир.

-Она што можам да го кажам дека кога некоја како неа ќе дојде да ве гледа на Вимблдон, тоа е голама чест. Никогаш не ми се случило некој од кралското семејство да дојде и да ме поддржи, нормално освен принцезата Дијана.

boba 4

Тој рече дека неговиот син Филип се сетил на принцезата, иако не верува во тоа се дека неговиот татко не објаснил која е таа.

-Кога му реков дека таа е принцеза беше изненаден, бидејќи секое дете има своја слика за тоа што треба да изгледа принцеза. Тој беше збунет. Сепак, таа беше навистина добра со деца и го разбираше него, откри поранешниот српски тенисер.

boba 2

Живоиновиќ се пензионираше во 1992 година, истата година се ожени со неговата сегашна сопруга Лепа Брена, а легендарниот германски тенисер и моментно тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер му беше кум.

Бобо ја претставуваше Југославија на Олимписките игри во Сеул, а беше пртседател на тениаката федерација на Србија во периодот од 2006 до 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top