Тара Палмер Томкинсон, на која принцот Чарлс и беше кум, а беше и позната како ѕвезда на таблоидите, била пронајдена мртва. Имаше 45 години. Првата старлета била најдена мртва во стан во Јужен Кенсигтон, потврдиле и од полицијата. Полицијата изјавила дека нејзината смрт не е сомнителна, но дека засега ја третираат како „необјаснета“.
Принцот Чарлс изјавил дека е длабоко потресен од смртта на Тара.
Тара беше позната во 90-тите како девојка за забава, а последниве години се повлече и водеше помирен живот. Во 2016-та на старлетата и беше дијагностициран тумор на мозок, заради што одела на терапија. Но, таа имала и ретко автоимуно заболување, што „ја јадело“ одвнатре. Тара беше една од првите вистински старлети. Таа беше редовен гостин на разуздани забави, на кои одела без многу облека. Нејзиното име стана бренд, а иако немаше една конкретна професија. И нудеа цело богатство за појавување во емисии и клубови. Учествуваше во бројни реални шоуа.
Таа била и зависник од дрога, па неколку пати била на рехабилитација, а потоа повторно се враќала на пороците.
И понатаму се шпекулира дека морала да му направи пластична операција на носот бидејќи го уништила со кокаин.
Но, последните неколку години од животот, таа живееше повлечено, далеку од очите на јавноста. Лансираше модна колекција наменета за сите жени, без оглед на конфекцискиот број, занимањето, начинот на живот. Исто така велела дека единствен порок кој и останал била електронската цигара.
Тара Томкинсон имала бројни романси со познати лица, но никогаш не се омажи и немаше деца, иако имала огромна желба да стане мајка.
– Никогаш не сум сакала да бидам популарна девојка, но добивав можности, па автомобили, па телевизиски емисии. Беше возбудливо, но и малку застрашувачко. Луѓето ми велеа дека сум брилијантна. Проблемот беше во тоа што не се чувствував така. Затоа почнав да ги земам сите тие отрови – признала тара во една прилика.
Тара слава стекна во 90-тите како „It Girl“. Станува збор за израз што настана меѓу богатите Британци, а се користеше за убави, модерни жени кои зрачат со сексапил, а при тоа не откриваат многу.
Работеше како колумнистка за „Сандеј тајмс“ беше ѕвезда од реални шоуа и неизоставен дел од лондонската забавна сцена во 90-тите и подоцна.
Заради својот начин на живот често завршуваше на насловните страници на магазините, како и стигна до реалните шоуа. беше позната и по зависноста од кокаин, за што многу пати јавно зборуваше. Таа свиреше на пијано, што го демонстрира и на настани во халата „Кралицата Елизабета. Тара беше блиска со британското кралско семејство, а во 2011 година присуствуваше и на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. беше присутна и на венчавката на принцот Чарлс со Камила. Родена е на 23 декември 1971 година. Татко и беше Чарлс Палмер Томкинсон, скијач кој во 1964 година ја претставуваше Британија на Зимските олимписки игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.