Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски стигна и до својот 20-ти погодок во шампионатот на Хрватска сезонава, по што веќе е убедливо најдобриот стрелец на листата со дури седум повеќе од Безјак и нашиот интернационалец Музафер Ејупи, кои се на делба на второто место.
Несторовски денеска, во 34. коло од хрватското првенство, погоди од пенал во победата на Интер Запрешиќ од 3-1 на домашен терен против Локомотива Загреб. Македонецот погоди во 22. минута од натпревар за израмнување на резултатот (1-1) во тие моменти. До крајот Интер Запрешиќ со уште два гола успеа да стигне до трите бода.
Inter-Zaprešić – Lokomotiva 3-1, I… by dm_525b2245553f8
На две кола до крајот на првенството, Интер Запрешиќ е на шестата позиција со 41 бод, далеку од зоната за испаѓање, но и далеку од можноста за места за европски излез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)