Кана од 130 евра доколку е наплатена на лице место или уплатница за напрата на 300 евра испратена на куќната адреса, ќе добијат сите што летово разголени ќе шетаат по Дубровник.
Откако на слични одлуки се решија и неколку други хрватски градови, и Дубровник донесе одлука за забрана за шетање низ градот во костими за капење и други “непристојни” облеки.
-Минатогодишните незгодни искуства поради поединци кои се шетаа недолично облечени или без облека се движеа низ градот, укажаа на потребата да се донесе одлука за дефинирање на одредбите кои се однесуваат на јавниот ред. Предложени се измени и дополнувања со кои е предвидена забрана за движење надвор од плажите без облека, со дел од облека или во костими за капење, а дефинирани се и казнените одредби за непочитување на наведените забрани, потврдуваат од градот.
Оние кои сепак ќе ги прекршат новите правила ги чекаат големи парични казни.
-Во Одлуката ќе стои конкретно: Не е дозволено движење низ градот Дубровник без облека, со дел од облека или во костим за капење. За овој прекршок ќе се казни физичкото лице во износ од 2.500 куни или на местото на правење на прекршокот со 1.000 куни. Поради тоа на повеќе места ќе се постават знаци кои ќе предупредуваат на наведените одредби, додаваат властите.
Со истите измени и дополнувања ќе се забрани и движење со моторни возила на пешачките зони, што ќе се казнува со износи од 1.000, па се до 10 илјади куни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


