
Филип Лазаров по пауза од повеќе од еден месец повторно ќе биде дел од тимот на Вардар, на утрешното гостување против Веспрем. „Црвено-црните“ се свесни за тежината на предизвикот поради негативата од три гола од првиот натпревар во Скопје, но Лазаров капитенски верува во чудо, посочувајќи дека за тоа да се случи неопходно ќе биде голманите на „вардарци“ да имаат исклучителен настап во арената на унгарскиот гигант.
– Пропуштивме многу зицери, а и голманите имаа слаб ден. Ако се сменат тие две три работи сигурно дека имаме шанси. Тежок резултат е негатива од три гола, особено против Веспрем, знаеме кој е и што е, но сигурно дека имаме шанси. Нема да одиме и да се предадеме, всушност размислував деновиве и сфатив дека оваа сезона имавме добри гостувања, па нека биде така и сега. Одиме да се надигруваме, ние всушност и во Скопје не одигравме лошо, туку малку немавме среќа, оваа разлика е нереална, со тие детали што ги спомнав, како зицерите, голманите, дури според мене можевме да имаме и подобро судење како домаќин. Се надевам дека ќе се сменат тие неколку работи и ќе бидеме во игра – изјави Лазаров за официјалната веб-страница на РК Вардар.
Реванш-натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Вардар на програмата е утре со почеток во 17.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


