
Македонскиот фудбалер Марио Ѓуровски игра одлично на Тајланд, а доказ за тоа се двата гола во триумфот од 3-0 над Теро Сасана.
Тој на мечот од осмото коло при резултат 1-0 влезе во игра во средината на второто полувреме и успеа двапати да се запише во листата на стрелците.
Првиот гол Ѓуровски го постигна во 79 минута откако го мина голманот и лесно стрела, додека вториот беше вистинско ремек-дело за најавните шпици на натпреварите. Тој доби топка на 40-тина метри од противничкиот гол, чекаше да му „легне“ на волеј и ефектно погоди за голем триумф на Бангкок јунајтед.
Евроголот на Марио Ѓуровски може да го погледнете на 5.35 минути на следното видео:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


