Во Тетово на ул.„Маршал Тито“, вчера 49-годишниот Џ.И. од с.Слатино-тетовско, по кратка расправија со браќата С.И.(32) и Г.И.(40) од Тетово како и со уште едно засега непознато лице, Г.И. му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето.
С.И. со нож го прободел во пределот на левата страна од телото додека непознатото лице со безбол палка го удрил во пределот на главата.
Џ.И. бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, од каде што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?