Екипата на Атланта хокс во шестиот меч славеше над Бостон со 104-92 и со вкупен резултат 4-2 во плејоф-серијата обезбедија пласман во наредната фаза каде ги чека Кливленд во реприза на минатогодишното финале во источната конференција во кое играше и поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ.
остон беше комплетно немоќен изминатава ноќ, доживувајќи убедлив пораз. Распадот во играта на Селтикс се случи во вториот период кога ништо не им поаѓаше од рака на домашните, а гостите стигнаа до двоцифрена предност. Во второто полувреме предноста на Атланта стигна и до 20 поени, по што беше јасна победата на мечот.
На Бостон не му помогнаа ниту оние 25 поени и 10 асистенции на Томас. На спротивната страна Милсап постигна 17 поени, дополнети и со осум скок. Хорфорд имаше 15 поени и четири скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)