| четврток, 6 декември 2018 |

Шарената револуција продолжува на Халкидики

sarena vo grcija
Во пресрет на Велигденските празници, СДСМ соопшти дека Шарената револуција викендов ќе доживее револуционерна трансформација.
„Како големи христијани ниту досега не протестиравме во недела, бидејќи недела е ден во кој и Бог решил да одмори, а камо ли ние кои бараме правда и мир“, ни соопшти наш извор од организацискиот одбор на револуционерите.
„Токму затоа во продолжениот викенд Шарената револуција ќе доживее револуционерна трансформација и ќе биде преселена на Халкидики каде во состојба на правда и мир ќе бидат поминати овие денови од големиот христијански празник“, додава тој.
Според него, се очекува во вторник веднаш по враќањето од правдољубивата и мирна Грција, граѓаните, наспани, релаксирани и одморени покрај море, повторно да станат гневни и да продолжат да се борат се до наредниот ден за одмор од напорната шарена револуција.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top