Денеска, 28 април, во 20 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп годишен концерт ќе одржи танц студиото „Зодијак“…
Концертот е по повод 17 години постоење на „Зодијак“ и одбележување на интернационалниот ден на танцот 29 април.
Стотина танчери на најразлична возраст ќе се претстават со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц, а воедно ќе биде прочитана и итернационалната порака за оваа година која ја напиша кореографот Lemi Ponifasiо,а ќе биде и промовиран видео спотот за ЗОДИЈАК во авторство на Љупчо Атанасоски.
– Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред се’ со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури, велат од студиото Зодијак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.