Скопје филм фестивал ќе одржи мастер клас/работилницата за експериментален филм со гостинот од Шведска, Карл Абрахамсон. Теми на работилницата се физичката состојба на филмот: разговор за ирационалните, емоционалните, направилните и темпо елементите во филмската продукција, човечкото лице/ човечкиот поглед како клучен елемент во пренесувањето на емоции и американската против европската нарација. Работилницата ќе се одржи утре (петок) 29 април, во кино Фросина, со почеток од 12 часот.
Проекцијата на филмот на Абрахамсон Неми усни (2016), кој е дел на програмата Авторски филм , ќе се одржи во петок, 29 април, во кино Фросина. Режисерот и дел од актерската екипа се гости на Скопје филм фестивал.
Во рамки на оваа програма, со задоволство ја најавуваме премиерата на Борба за смрт, најновиот филм на македонската режисерка Елеонора Венинова.
16 часот Милениум
ЖИВО МЕСО/ LIVE FLESH
Режија: Pedro Almodovar
Улоги: Javier Bardem, Francesca Neri, Liberto Rabal
Земја: Spain/France
Времетраење: 103 мин.
Овој најзрел и највоздржан филм на Алмодовар е брилијантно структурирана мелодрама за петмина чии животи во современиот Мадрид се нераздвоиво поврзани со куршумот испукан при полициска пресметка. Приказната на филмот произлегува од заплетот што се создава кога тројца мажи и две жени се борат со своите чувства еден кон друг. Пет не е деливо со два и додека се формираат и расформираат врските меѓу карактерите, Алмодовар го претвора филмот во некаква забавена и романтична варијанта на играта музички столови.
18 часот Милениум
ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ/SONG OF SONGS
Режија: Eva Neymann
Улоги: Milena Tsibulskaya, Yevheniy Kogan, Arina Postolova-Tihipko, Karen Badalov, Vitalina Bibliv
Земја: Ukraine
Времетраење: 76 мин.
Третиот игран филм на Ева Нејман, кој е базиран врз еврејскиот фолклор од кратките приказни на Шолем Алејхем, деликатно го креира идиличниот селски живот на хасидската заедница со трогателната приказна за растењето, сместена во малечкото еврејско село на почетокот од 20 век.
Со прекрасна илустрација, достојна на фламанските мајстори, Нејман гради впечатливо детална атмосфера што го евоцира одамна изгубениот свет на еврејските села во Европа. Потпомогнат од совршена музика, фотографија, костими и сценографија, „Песна над песните“ повеќе создава атмосфера отколку акција. Предупредување: следува шок од убавина.
20 часот Милениум
КЛУБ/ THE CLUB
Режија: Pablo Larraín
Улоги: Alfredo Castro, Roberto Farías, Antonia Zegers, Jaime Vadell, Alejandro Goic
Земја: Chile
Времетраење: 98 мин.
„Клуб“, на признатиот режисер Пабло Лараин, е напнат, црнокомичен коментар за индивидуалната одговорност, организираната религија и горлива комбинација од овие две нешта. Фотографијата прикажува широки, безлични пејсажи за да создаде агорафобичен ефект на широко платно; самотијата не изгледала толку моќно ниту поучно од „Ќорсокак“ на Полански или „Демнач“ на Тарковски. Мајстор за мрачна атмосфера, Лараин овде одлично владее со својот занает и не воведува во херметичкиот свет на клубот додека и ние не се почуствуваме затворени зад неговите ѕидови.
22 часот Милениум
КАДЕ ДА СЕ ОКУПИРА СЛЕДНО/WHERE TO INVADE NEXT
Режија: Michael Moore
Земја: United States
Времетраење: 120 мин.
Отфрлајќи го својот вообичаен сарказам и одново откривајќи ја својата комичност, Мур весело маршира надалеку и нашироко во потрага по идеи за квалитетот на животот, спротивни на американските. Патувањата на Мур претежно го водат во Европа, каде што тој ги посетува земјите што изгледа пронашле подобри и похумани начини од Америка, за да обезбедат образование, исхрана, вработување, контрола на наркотици, правда, права на жените и многу други социјални предности.
„Каде да се окупира следно“ е експанзивен, забавен и субверзивен комичен документарец во кој режисерот се конфронтира со најитните проблеми со кои се соочува Америка денес и наоѓа решенија на најневеројатни места.
Кино Фросина 28 април:
14:00 h Работилница за филмска музика со Игор Василев – Новоградска
18:00 h ОД МАСТУРБАЦИЈА ДО ЗАМОЛЧУВАЊЕ/FROM MASTURBATION TO MUZZLE -кратки филмови (бесплатен влез)
20:00 h БОРБА ЗА СМРТ/FIGHTING FOR DEATH (2016) (
Режија: Eleonora Veninova Macedonia, 15 мин.
И ФАБРИКИТЕ ИМААТ ДУША/FACTORIES HAVE A SOUL TOO (2013) Режија: Jane Altiparmakov, Natasa Geleva Macedonia, 7 мин.
НЕЗРЕЛИ ЦРЕШИ/UNRIPE CHERRIES (2015) Режијa: Nebojsha Jovanovik Macedonia, 17 мин.
БРОД ТРГНАТ КОН НЕМЕРЛИВОТО – ИГОР ИСАКОВСКИ (1970-2014) / A SHIP SAILING OFF TO THE IMMEASURABLE – IGOR ISAKOVSKI (1970-1974) (2015) Режија: Sašo Dimoski Macedonia, 16 мин.
КРУЖНО ПАТУВАЊЕ НА МАРЕТО/ROUND TRIP: MARY (2015) Режиja: Zharko Ivanov Macedonia, 10 мин.
ДЕВОЈКАТА ШТО ПАЃА/THE FALLING GIRL (2015) Режиja: Vladimir Lukash Macedonia, 11 мин.
ЧОВЕКОТ ШТО НЕ САКАШЕ ДА УМРЕ/ THE MAN WHO WOULDN’T DIE (2015) Режија: Goce Cvetanovski Macedonia, 11 мин.
22 часот Фросина
НЕОНСКИ БИК /NEON BULL
Режија: Gabriel Mascaro
Улоги: Juliano Cazarré, Alyne Santana, Carlos Pessoa, Maeve Jinkings
Земја: Brazil/Uruguay/Netherlands
Времетраење: 101 мин.
Режисерот Габриел Маскаро ни ја раскажува бизарната и сензуална приказна за тимот на чувари на бикови во едно зафрлено катче на Бразил. Тие одат од град во град во голем камион со бикови за чудниот родео настан. Биковите се пуштаат и коњаници јаваат покрај нив и се обидуваат да ги повлечат на земја, тргајќи ги за опашката. Од филмот што прикажува толку егзотичен и опасен, иако несомнено суров спорт можеби ќе се очекува да биде фокусиран на коњаниците како главни ликови кои ги рискираат своите животи. Но, тие, едвај добиваат повеќе од реплика. Преку индиректна медитација за телата и начинот на кој се користат, и во животинскиот и во човечкиот свет, се појавува и фасцинантен портрет на општеството во кое нормите за полот и телото се помалку строги од колку што би очекувале.
29 април, кино Фросина:
18 часот кино Фросина
СОСТОЈБАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃА СВЕТОТ (И КАКО СТИГНАВМЕ ДО ТАМУ)/ THE STATE OF THE WORLD (AND HOW WE GOT THERE) –Програма на кратки филмови (бесплатен влез)
20 часот кино Фросина
НЕМИ УСНИ/SILENT LIPS
Режија: Carl Abrahamsson
Улоги: Linn Sparrenborg, Robin Hayes, Robert Bolin, Thomas Gjutarenäfve, Katarzyna Jaskiewicz, Johan Hamrin, Stojan Nikolic, Vera Nikolic, Tea Shaldeva and Roy Sutherwood
Земја: Sweden,
Времетраење: 124 мин.
Младата Швеѓанка Елис патува низ Балканот со своето насилно момче, Американец. Како што нивната врска станува сè полоша, така Елис сè повеќе и повеќе тоне во емоционална празнина, која води кон насилни последици.
Изгубена во чудна земја меѓу бизарни карактери, таа е принудена да се соочи со нејзините аспекти кои сосема ја престрашуваат. Кога насилството и понижувањето ќе се зголемат, таа веќе нема избор. Кој ќе биде следната жртва? Самата Елис или сите оние што немилосрдно ја експлоатирале?
22 часот Кино Фросина
МЕРКАТА НА ЧОВЕКОТ/THE MEASURE OF A MAN
Режија: Stéphane Brizé
Улоги: Vincent Lindon, Yves Ory, Karine de Mirbeck, Matthieu Schaller, Xavier Mathieu, Noel Mairot
Земја: France
Времетраење: 93 мин
Преведен буквално, насловот на филмот на Стефан Бризе значи „Закон на пазарот“, но на филмот уште повеќе му одговара англискиот наслов „Мерката на човекот“, бидејќи шестиот игран филм на Бризе (прв прикажан во конкуренција на Кан) е моќна социјална драма за животот на Тјери, отпуштен фабрички работник, кој е без работа повеќе од една година и се мачи да го одржи семејството во живот со месечниот надомест за невработени. Преку ден оди на неподносливи часови по обука во локалниот центар за вработување (неисцрпен извор на црн хумор), каде што педантните инструктори постојано зборуваат како да се остави добар прв впечаток при разговор за работа, иако Тјери или е престар за тоа работно место, или премалку или повеќе квалификуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.