| четврток, 6 декември 2018 |

Инфо ден на македонскиот МЕДИА Деск

Во рамки на Скопски филмски фестивал, денеска, 26 април, во кино „Фросина“ ќе се одржи првиот Инфо ден на македонскиот МЕДИА Деск…

Ќе бидат претставени и повиците во рамки на потпрограмата МЕДИА, како и роковите за аплицирање.

Република Македонија официјално пристапи во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа во јули 2015 година, а канцеларијата на МЕДИА почна со работа при Агенцијата за филм на Република Македонија во април годинава.

Целта на Канцеларијата за потпрограмата МЕДИА е да ги информира и да им дава поддршка на македонските филмски работници и други заинтересирани страни при изготвување на нивните апликации за конкурси, објавени од страна на оваа потпрограма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top