| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ја уби Јелена?Сите докази и сомнежи се против Зоран Марјановиќ (видео)

Српската полиција деноноќно работи на расветлувањето на овој мистериозен случај полн со нелогичности.

Пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (32) убиена е пред 25 дена. Нејзиното тело најдено е во канал во Црвенка. Погребана е на локалните гробишта на 7 април, ден откако нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ  е пуштен од притвор во кој помина 48 часа. Во истрагата на тоа брутално убиство учествуваат 200 полицајци кои помеѓу другото деноноќно ја надгледуваат и куќата на семејството Марјановиќ во Борча.

Screenshot

Голем број на факти создаваат сомнеж дека во овој случај  токму Зоран е тој кој го извршил бруталното убиство:

-Два пати паднал на полиграф

-Рацете му беа крвави и изгребани по убиството

-Даваше контрадикторни изјави пред, по и за време на злосторот

-Исчезнувањето на Јелена го пријави со четри часа задоцнување

-Сведоците тврделе дека Јелена и Зоран се расправале пред убиството

-Пријателите и познаниците откриле дека бил патолошки опседнат со неа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top