Зорица Марјановиќ, свекрвата на убиената Јелена Марјановиќ беше вчера речиси два часа во белградската полиција, каде одговарала на прашањата на инспекторите во врска со „работата“ со која се занимава, а полицијата била заинтересирана кој се и се муштериите , колку ги имала до сега, што лекувала и дали некој од нив му се заканувал на нејзиното семејство поради можно незадоволство.
-Таа доби покана од полицијата и се јави на истата. Беше мирна и не правела проблеми. Тврдела дека никого не измамила затоа што луѓето ги лекувала за онолку пари колку ќе и остават, а некои ги лекувала и за џабе. На Зорица и беа поставувани прашања во врска со смртта на Јелена, односот помеѓу ѕвездата на гранд и нејзиниот син Зоран, но таа била мошне кратка во одговорите – изјавил извор близок до истрагата.
Полицијата наводно истражува дали е можно некој од клиентите на Зорица да и пресудил на Јелена.
-Тоа би можело да ја поткрепи приказната дека убиецот и задал голем број на удари на Јелена од страст. Односно, дека се почувствувал изневерен. Истрагата се уште оди во сите насоки. Се уште акцентот е на семејството Марјановиќ. Тие се сепак тие кои беа со Јелена до моментот на нејзиното исчезнување. Се уште се испрашува и нивната чудна одлука целата куќа да ја измијат со варакина во моментот кога таа исчезнала. Сепак се уште нема осомничен – појаснува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.