Кристијано Роналдо не беше во составот на Реал Мадрид на синоќешниот прв полуфинален меч од Лигата на шампионите против Манчестер сити. Тој се уште чувствува болки во бутниот мускул и поради тоа „кралевите“ одлучија да не ризикуваат и да го сочуваат за завршницата од сезоната. Потпретседателот Емилио Бутрагењо истакна дека тоа била одлука донесена во консултација и со фудбалерот и со стручниот штаб.
– Одлучивме да не ризикуваме со Роналдо. Тој има истегнување на мускулот и се уште чувствува болки. Сепак, има уште многу важни натпревари до крајот на сезоната, меѓу кои и реваншот со Манчестер сити на „Сантијаго Бернабеу“. Не очекува и завршницата во Примера и здравјето на Роналдо ни е секако најважно. Сите заедно ја донесовме одлуката, неколку часа пред стартот на натпреварот – изјави Бутрагењо.
Според последните информации, Португалецот ќе го пропушти и следниот меч од Примера претстојниов викенд, а неизвесен е дури и за реваншот со Манчестер сити за осум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.